Varieties Selection

Оваа линија на вина е со најголем број и карактеристика на овие вина е што се сортни. Тоа значи произведени од една сорта на грозје. Вината во оваа линија се со стандарден квалитет независно до годината на берба и го отсликуваат скопското поднебје со сите негови карактеристики. Се одликуваат со типичност за сортата од која се произведени.
Вината во оваа линија се во полнење од 0.75, стаклено шише, со плутена тапа.
Во оваа линија се застапени 3 бели типови на вино Шардоне, Траминец и Мускат, едно розе вино, произведено од сортата Каберне совиоњн и 4 црвени вина, Вранец, Мерло, Каберне совињон и Совињон бланк
Дел од вина, како Шардоне, Мускат, Траминец, Вранец можат да се најдат и во полнење од 0.1875 лит.

Showing all 6 results

  • Vranec

    Квалитетно суво црвено вино со изразена рубиново црвена боја со виолетови нијанси. Се одликува со арома на шумски плодови и зрнесто овошје, богат екстракт и мек кадифен завршок. Се служи на температура 16 – 18°C, со печено месо и дивеч.

  • Cabernet Sauvignon

    Квалитетно суво црвено вино со изразена рубиново црвена боја со виолетови нијанси. Се одликува со арома на шумски плодови и зрнесто овошје, богат екстракт и мек кадифен завршок. Се служи на температура 16 – 18°C, со печено месо и дивеч.

  • Merlot

    Квалитетно суво црвено вино со жива рубиново црвена боја. Се одликува со силно изразени ароми на рибизла и капина. Меко е и хармонично. Се служи на температура 16 - 18 °C, со разни ферментирани сирења, лесни јадења од црвено месо, како и со десерти.

  • Muscat

    Квалитетно бело полусуво вино со жолто-зеленкаста боја. Се одликува со изразени овошни и цветни ароми и хербални ноти. Се служи на температура 8 – 12°C, како аперитив, или уште подобро, со десерти.

  • Rose

    Квалитетно суво розе вино, добиено по технологија за бели вина од сортата каберне совињон. Мирисот е овошен, со ароми на малина и јагода. На вкус виното е овошно, свежо и хармонично, со извесна слаткаста арома. Се служи на температура 08 – 12◦C

  • Chardonnay

    Квалитетно бело суво вино со сјајна жолта боја, со изразени нијанси на зелено. Вкусот плени со овошни ароми на зелено јаболко, круша и лозарска праска. Се служи на температура 8 – 12°C, како аперитив, со јадења од риба и бело месо, како и со десерти.

Scroll to top