Top Premium Wine

Скупи куве и виното Марков Манастир влегуваат ви линијата на врвни вина. Овие вина се посебни по тоа што нивното производтсво започнува во лозовиот насад. Тие се добиени од посебни микролокации од нашите лозови насади, со примена на посебна агротехника и строга редукција на родот. Технологијата која се применува за производството на овие вина е најсовремена, со примена на одредени постапки во предферментативниот процес, како и во самата ферментација. Одлежувањето и негувањето на вината е долг процес, во кои тие постепено се формираат, а откако ќе се наполнат во шишиња, во нив одлежуваат уште 6 месеци најмалку.

Showing all 2 results

  • Марков Манастир

    Mакедонско врвно суво црвено вино добиено од селектирано грозје од сортата вранец, од сопствените лозови насади во локалитетот Маркова Река. Со мирис и вкус потсетува на ситно зрнесто овошје проследено со богатството на екстракт и слатки танини, кои го прават ова вино врвно, моќно и незаменливо. Се служи на температура 18-20°С со печено свинско и димено месо.

  • Скупи Куве

    Врвно суво црвено вино добиено од сортите сирах, каберне совињон и вранец, сопствена берба од микролокалитетот Четири Патишта. Мешавината на овие три благородни сорти грозје го прави ова вино богато и префинето, со прекрасен избор на овошни ароми. Се служи на температура 18-20°С со широк избор на јадења и кулинарски искуства.

Scroll to top