Premium Line

Линија на врвни вина, содржи вина кои се одликуваат со посебни сортни карактеристики и комплексност. Најдоброто грозје е преточено во овие вина и истите претставуваат врвен производ. Наменети се за вистинските познавачи и уживатели на вино.
Во оваа линија се наоѓаат вината Кратошија, Санџовезе и Пино ноар.

Showing all 3 results

  • Кратошија

    Кратошија е една од најстарите сорти на винова лоза, застапена на овие простории. Виното се одликува со темна, скоро непроѕирна, рубин црвена боја, проткаена со виолетови нијанси. Мирисните ароми се ароми на презреана вишна, на џем од црни сливи и зрело бобесто овошје. Вкусот е многу комплексен. На почеток доминираат овошните ароми. Некаде на средина се препознаваат аромите на презреано овошје помешани со ароми на зелена трева, за да на крај се осетат нежните и омекнати танини. Виното има многу добар баланс на киселините, што му ја дава потребната свежина за да може да се консумира со уживање. Танините се меки, топливи, што е резултат на технологијата и негата што е му е пружена на ова вино во текот на зреењето. Кратошијата е препорачливо да се консумира на темература 15-18°, со богати јадења од месо во комбинација со зачинети сосови.

  • Пино Ноар (црн)

    Пино црн е француска сорта која го дава печатот на вината од Бургундија. Во Македонија е донесена во почетокот на 80-те години од минатиот век и добро се вклопува во македонскиот тероар. Виното од Пино е со сјајна, жива, светло црвена боја, во која е присутен спектар на црвени нијанси од светло рубин до нежно портокалови нијанси. На мирис преовладуваат овошни ароми, на вишна, малина, црвена рибизла. На вкус ова вино е лесно, хармонично, свежо но истовремено и полно и богато со екстрат.Танините се меки и одговараат на сортата Пино .Се служи на темература 15-18°С. Може да се консумира со разни јадења од месо, со појаки јадења од темно месо, како и чоколадни десерти.

  • Санџовезе

    Санџовезе на латински значи Крвта на Јупитер.Виното е добиено од истоимената италијанска сорта грозје. Се одликува со рубин црвена боја, проткаена со виолетови нијанси. Има изразито овошен мирис на црна рибизла, капина и боровинки. На вкус е полно, овошно и добро избалансирано. Ги поседува истите ароми како и на мирис, на темно зрнесто овошје. Се консумира на температура од 16-18 С. Се служи со разни типови на сирења, зачинети јадења од паста и јадења со црвено месо.

Scroll to top