Barrique Line

Со барик вината Сковин го заокружи својот производен процес и палтета на производи. Оваа линија е застапена со вината Шардоне, Куве Селектион барик и Сирах Кабернет. Виното одлежувано дрвени буриња со капацитет од 225 литри. За оваа линија се селектираат најдобрите вина и се ставаат во буриња.

Барик-вино означува вино одлежано во бочви или барик. Комбинацијата од дрвото и бавната микрооксигенција резултира со омекнување на танините на виното кои стануваат понежни, а мирисот еволуира во буке и станува поинтензивен и потраен. Самото дрво го збогатува виното со голем спектар на различни ароми.

Showing all 3 results

  • Cuvee Selection Barrique

    Суво темно црвено вино добиено од сортите вранец, сирах, каберне совињон, мерлот и санџовезе. Со мирис и вкус потсетува на презреано овошје или џем од сливи, надополнети со мирисната арома на ванила. Се служи на температура 15-18°С со свинско, димено и печено месо.

  • Syrah-Cabernet Barrique

    Сирах каберне барик е суво црвено вино со рубиново црвена боја. Се одликува со буке од зрели плодови и зачини испреплетени со ароми на ванила и темно чоколадо. Има структурно тело од меки танини и моќен завршеток со изразени дрвенести ароми. Се служи на температура 15-18°С.

  • Chardonnay Barrique

    Шардоне барик е суво бело вино со златножолта боја. Се одликува со комплексна арома со нијанси на зрели цитрусни ноти, пријатно комбинирани со ароми на ванила. Телото му е полно и меко со пријатна свежина и елегантен вкус со изразена арома на ванила. Се служи на температура 10-12°С.

Scroll to top