Вина

„Виното создава тројно соединение… соединение со земјата од која произлегува; соединение со себеси, кога го вкусуваме; соединение со луѓето, кога зборуваме за него“ – Пол Клодел

  • Dry Sparkling Wine

    Dry Sparkling Wine (1)

    Ние сме првата винарија во Македонија која произведе пенливо вино по класичен метод. Создавањето на пенливо вино во Сковин е долготраен процес, при кој, всушност, се врши шампанизирање на основното вино. Процес кој трае една до две години со периодично вртење на шишињата.

  • Top Premium Wine

    Top Premium Wine (2)

    Скупи куве и виното Марков Манастир влегуваат ви линијата на врвни вина. Овие вина се посебни по тоа што нивното производтсво започнува во лозовиот насад. Тие се добиени од посебни микролокации од нашите лозови насади, со примена на посебна агротехника и строга редукција на родот. Технологијата која се применува за производството на овие вина е најсовремена, со примена на одредени постапки во предферментативниот процес, како и во самата ферментација. Одлежувањето и негувањето на вината е долг процес, во кои тие постепено се формираат, а откако ќе се наполнат во шишиња, во нив одлежуваат уште 6 месеци најмалку.

  • Premium Line

    Premium Line (3)

    Линија на врвни вина, содржи вина кои се одликуваат со посебни сортни карактеристики и комплексност. Најдоброто грозје е преточено во овие вина и истите претставуваат врвен производ. Наменети се за вистинските познавачи и уживатели на вино. Во оваа линија се наоѓаат вината Кратошија, Санџовезе и Пино ноар.

  • Barrique Line

    Barrique Line (3)

    Со барик вината Сковин го заокружи својот производен процес и палтета на производи. Оваа линија е застапена со вината Шардоне, Куве Селектион барик и Сирах Кабернет. Виното одлежувано дрвени буриња со капацитет од 225 литри. За оваа линија се селектираат најдобрите вина и се ставаат во буриња. Барик-вино означува вино одлежано во бочви или барик. Комбинацијата од дрвото и бавната микрооксигенција резултира со омекнување на танините на виното кои стануваат понежни, а мирисот еволуира во буке и станува поинтензивен и потраен. Самото дрво го збогатува виното со голем спектар на различни ароми.

  • Selected Edition

    Selected Edition (4)

    Оваа линија на вина е од повисока категорија, заради, лимитираните количини кои се произведуваат и заради специфичноста на самото вино. Ова е една од најбараните линии, која е препознатлива од страна на консументите на вино и љубителите на добро вино. Виното е во полнење од 0.75 и 0.1875. Во оваа линија се застапени едно бело вино Темјаника , едно розе вино Роза Канина и две црвени вина кои претставуваат комбинација од две и три сорти на грозје. Тоа се вината Кале и Сирах Кабернет. Кале е француски стил на вино, прооизведено до три сорти Вранец, Каберне совињон и Мерло. Сирах Кабернет е вино кое е комбинација од две сорти, Сира и Каберне совињон.

  • Varieties Selection

    Varieties Selection (7)

    Оваа линија на вина е со најголем број и карактеристика на овие вина е што се сортни. Тоа значи произведени од една сорта на грозје. Вината во оваа линија се со стандарден квалитет независно до годината на берба и го отсликуваат скопското поднебје со сите негови карактеристики. Се одликуваат со типичност за сортата од која се произведени. Вината во оваа линија се во полнење од 0.75, стаклено шише, со плутена тапа. Во оваа линија се застапени 3 бели типови на вино Шардоне, Траминец и Мускат, едно розе вино, произведено од сортата Каберне совиоњн и 4 црвени вина, Вранец, Мерло, Каберне совињон и Совињон бланк Дел од вина, како Шардоне, Мускат, Траминец, Вранец можат да се најдат и во полнење од 0.1875 лит.

  • Traditional

    Traditional (2)

    Една од најпродаваните линии е Македонско бело и Македонско црвено. Во оваа линија застапени се два типа на вино и тоа: Македонско бело претставува вино добиено со купажирање на грозјето од сортите Семијон, Жупљанка и Смедеревка. Виното Македонско црвено е комбинација на сортите Пино црн и Вранец.

  • Vintage

    Vintage (3)

    Во оваа линија на производи влегуваат вина добиени од една сорта или кои се комбинација од две и повеќе сорти на грозје. Се одликува со вина наменети за секојдневна консумација, лесни, пивливи , со средно изразено тело и релативно низок процент на алкохол. Во оваа производна линија спаѓаат вината Смедеревка, Розе и Вранец кои се во полнење од 1 литар, како и Македонско бело и Македонско црвено во полнење од 1,5 литри.

  • Bag in box line

    Bag in box line (2)

    Во чекор со современиот и брз начин на живот, винарија Сковин излезе со практично пакување на виното т.н. фамилијарно пакување од 3л. Пакувањето е наменето за домашна употреба, но и за ресторани и кафулиња. Пакувањето овозможува виното да биде целосно заштитено од оксидација и долго ја зачувува свежината.

Scroll to top