Производство
ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА - прва Супербренд винарница од Македонија!
Плантажите на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се протегаат низ благите ридести падини во околијата на Скопје. Некои од нив бездруго потекнуваат од епохата на античка Македонија. Други, пак, туку што го понесуваат товарот на богатиот гроздов род. Лозовите насади на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се познати по тоа што даваат единствена арома на вината, одраз на остриот мраз и долгото суво сончево лето. Нивната уникатна и поволна локација на 400-600 метри надморска височина на јужните падини на Водно, подалеку од индустриски објекти, покривајќи површина од 500 хектари во областа наречена Сончева Долина и локалитетот Маркова река, претставуваат дел од факторите кои влијаат врз производство на вино со врвен и уникатен вкус и стил. Еколошки чистата средина и големиот број сончеви денови овозможуваат висок процент на шеќер и квалитет на грозјето. ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА поседува 150 хектари лозови насади и во Тиквешкото виногорје. Влијанието на медитеранската клима од југ создава совршени услови за производство на вина со висок квалитет. За местоположбата на плантажите, како и за другите квалитети на животната средина на овие простори, прeбирливите Французи уште во почетокот на дваесеттиот век изјавија дека е поповолна и подарежлива за лозарство, отколку почвата на нивното прочуено Бордо.
Изложени на сонце од 160 до 170 денови во годината, со средни годишни температури од 12 до 14 Целзиусови степени, плодовите насади на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА останаа поштедени од индустриските загадувања и еколошката деградација на земјата и воздухот. Умерената влажност на воздухот облагородена од медитеранската умерена топлина, овозможуваат во значајна мера да се зголеми процентот на шеќерноста и да се стимулира високиот квалитет на грозјето.
Берење и обработка на грозјето
Грижата на стручните тимови од ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА да го зачуваат и унапредат квалитетот на своите производи не заобиколува ниеден производствен аспект. Тие претпазливо го одредуваат и временскиот термин на берењето грозје. Периодот на екстремно високите температури на пример, се отфрла како време за гроздобер. Од неодамна приоритет му се дава на ноќното берење, кога атмосферската констелација најдобро и најдолго ја штити свежината на гроздовото зрно.
Оваа тенденција на одржување и чување на природните карактеристики на на садот се надоврзуваат на намерата да се добие вино максимално блиско до својствата на виното какво што некогаш се правело, кога, всушност, и е воведена богатата лозарска традиција кај нас.

Процеси
Процесот на извлекувањето на сокот од грозјето, благодарејќи на новата технологија, не се врши механички туку со вакумско вшмукување кое му помага на сокот да излезе, а притоа структурата на зрното да остане неоштетена. Тоа е голем квалитативен поен во настојувањето да се зачуваат во својот изворен облик старите сетилни, хранливи и лековити вредности на виното.

Капацитети
Плантажите даваат род од 4 000 тони грозје. Но, бидејќи винарската визба на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА има капацитет за обработка од 23 000 тони грозје, останатата винова суровина потребна за реализација на производната програма, ја обезбедува во регионот на Повардарието, подеднакво богат и плоден со квалитетни лозови насади. ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА, како и секој амбициозен производител на квалитетни вина, располага со сопствен климатизиран складиштен простор – цистерни од инокс и дрвени буриња, со вкупен капацитет од 16 милиони литри годишно. За овој сложен систем кој функционира со прецизност и ефикасност, гарантира традицијата на италијанските и француските фирми кои го освоија светот, Сипрем, Спадони, Еновенета, Гимар и други.



Лабораторија
Температурната постојаност се одржува почнувајќи од процесот на стабилизацијата на виното, кој потоа се шири на цел систем на филтри. Користењето на модерни, софистицирани машини и методи, е еден од императивите на кои ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА го заснова својот производствен процес. Високите критериуми на квалитетот и стручните екипи на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА ги одржуваат благодарејќи им уште и на заштитните и стимулативни активности на својата интерна лабораторија. Овде редовно се контролираат основните параметри на производството на виното и на сето негово количество. Неговите стручњаци кои бараат нови поттици за зголемување на сензорските вредности на виното, постојано се во тек со иновациите кои доаѓаат од соодветните служби на Земјоделскиот факултет и Земјоделскиот институт. Лабораториската опрема увезена од странство, е од последната генерација на винската техника и технологија.



Вински подрум ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА
Вековната македонска традиција во производство на квалитетни вина и богатството на македонската кујна на едно место. Лоциран во главниот град, со убав амбиент и во согласност со кулинарските стандарди, Винскиот подрум ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА ви нуди единствена можност за пријатни мигови со вашите блиски, организирање деловни средби и свечени прослави, надополнети со можност за прошетка низ Винскиот подрум и запознавање со процесот на производство на врвни вина. Доколку сте љубители на доброто вино, Винскиот подрум ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА е одличен избор за дегустација на врни и квалитетни вина со помош и совети од професионални сомелиери.
Адреса: 15-Корпус бр. 3, Автокоманда, Скопје
Тел. 02/3145-717
Е-маил: contact@skovin.mk

Барик подрум
Од 2011 година во составот на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА почна да функционира и барик-подрумот, со што ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА ќе ја прошири својата палета и со вина одлежани во дабови буриња. Барик-подрумот е опремен со буриња од разни производители од Франција, Хрватска, Италија и Македонија и со различен капацитет од 5 000 литри до класичните 225 литри. Во моментов во нив зреат вина од сортите шардоне, мерло, каберне совињон и вранец, како и нашите врвни вина марков манастир и скупи куве.