Новости

Златен медал за Винарија Сковин Група на најпрестижниот Меѓународен вински натпревар “Мундус Вини”

На 28 -от Меѓународен вински натпревар “Мундус Вини” кој се одржа во Германија, во исклучително силна конкуренција, врвниот и уникатен вкус беа пресудни за жирито на овој стручен натпревар да додели Златен медал на виното Марков Манастир, од бербата од 2011 година, кое е дел од Премиум Линијата на вина на Винарија Сковин Група. Прво македонско врвно суво црвено вино добиено од селектирано грозје од сортата Вранец, од сопствените насади на Винарија Сковин, локалитет Маркова Река. Моќно, врвно, незамeнилво.

Квалитетот на нашите производи е наш највисок приоритет,а паралелно со тоа посебно внимание се посветува на развојот на компанијата. Винаријата моментално работи на нови квалитетни производи за кои очекуваме да бидат врвни вински амбасадори на нашата земја во светот.

“Мундус Вини” е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари. Виното “Марков манастир” го доби златниот медал во конкуренција на повеќе од 10 000 вина на производители од целиот свет, со преку 50 земји учеснички. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од 150 висококвалификувани судии-енолози, вински аналитичари, трговци на вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.

Вообичаено е награденото вино на Сковин винарија заедно со другите победници на “Мундус Вини” да бидат изложени пред посетителите на еден од најголемите вински настани во светот “Провајн” во Дизледорф, но поради пандемијата на коронавирусот Ковид 19 годинава нема да се одржи.

Винарија Сковин наградена со сребрен медал на манифестацијата „International Wine Challenge“ во Лондон за „Кратошија“

Годинешново издание на манифестацијата „International Wine Challenge“ донесе прекрасни вести за македонската компанија Винарија Сковин Група која е освојувач на сребрен медал за своето вино „Кратошија“, берба 2019 година, кое е дел од нивната таканаречена „премиум линија“.

Овој реномиран натпревар се одржа во Лондон, каде што оценувањето се врши од тимови составени од експерти, познавачи и влијателни лица од меѓународната индустрија за вино, што оваа награда ја прави уште поценета.

Во натпреварувањето Винарија Сковин Група учествуваше и со други производи, при што за вината „Темјаника“ од серијата „Selected edition“, берба 2019-та и „Санџовезе „ од серијата „Premium line“, од бербата 2017-та, жирито на натпреварот им додели специјално признание и препорака.

Традиционално на оваа манифестација секоја година учествуваат над 50 земји, при што се натпреваруваат над 10 илјади мостри од високо квалитетни сорти и видови вина од цел свет. Дури и во услови кога поголемиот дел од бизнисите се во мирување, на лондонскииот настан присуствуваат сите што имаат влијание во глобалната винска индустрија, а тоа го прави одлична можност за промовирање на уникатна македонска винска приказна и долгата традиција за производство на вино. Добиените награди на ваков еминентен натпревар за Винарија Сковин се само уште еден доказ за конзистентноста во одржување на квалитетот, зајакнување на брендот и довербата на потрошувачите, како и мотивација за нови следни предизвици и успеси во работата.

Винаријата „Сковин“ помеѓу наградените на саемот „BeoWine Fair“ во Белград

Винаријата „Сковин“ на меѓународниот саем за вина „BeoWine Fair“ кој се одржува во Белград се закити со две сребрени награди. Наградените вина доаѓаат од Finest Selection, нивната најпосакувана линија на вина која освен светските ги освојува и регионалните пазари. Наградените вина се „Темјаника“ (берба 2016) и „Сира Каберне Барик“ (берба 2012).
„Темјаника“ е едно од најнаградувани вина на „Сковин“ кое поседува комплексни овошни ароми, како и ароми на бозел, босилек и темјан. На вкус е овошно, свежо и хармонично, со богат екстракт.
„Сира Каберне Барик“ е квалитетно суво црвено вино, куве од сортите сира и каберне совињон. Структурата на каберне и богатството на овошната и зачинската арома на сира, го прават ова вино исклучително богато, питко и вистинско искушение за сите љубители на вино.
„BeoWine Fair“ е еден од најпрестижните саеми за вина на Балканот, на кој учествуваат најугледните домашни и регионални производители на вино.
Scroll to top