Добредојдовте на веб-страницата на
ВинаријаСковин Група.

Место каде ќе можете да се запознаете со нашата палета на производи, винарската визба, но и да ни ги пренесете Вашите впечатоци за вината и другите производи на Винарија Сковин Група. Оваа веб-страница ќе биде постојано отворена за сите кои знаат да ја почувствуваат традицијата, да уживаат во препознатливиот вкус и мирис на квалитетното бело, розе и црвено вино. Заедно со Вас ќе го градиме брендот на Винарија Сковин Група. Дома, но и на сите континенти, ќе ја промовираме македонската култура, квалитет и традиција. Ќе останеме горди и препознатливи по неповторливиот момент на уживање вткаен во секоја голтка вино.

Од тимот на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА

Виното како вековна традиција

Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното. Oвој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците како и научниците, со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух, спремен да вдахне на даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се повлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес.

Scroll to top