Traditional

Една од најпродаваните линии е Македонско бело и Македонско црвено. Во оваа линија застапени се два типа на вино и тоа:
Македонско бело претставува вино добиено со купажирање на грозјето од сортите Семијон, Жупљанка и Смедеревка. Виното Македонско црвено е комбинација на сортите Пино црн и Вранец.

Showing all 2 results

  • Македонско Бело

    Квалитетно суво бело вино произведено со купажирање на бели сорти од Скопското виногорје. Питко и свежо со светложолтеникава боја, хармоничен вкус и богата овошна арома. Пријатно е и кога се пие само, но одлично се сложува со месо од живина, салати и морска храна. Најдобро е на температура 10-12 °C.

  • Македонско Црвено

    Квалитетно црвено вино добиено со купажа на различни сорти црно грозје со потекло од Скопското виногорје. Умерено полно, со дистинктивно буке, пријатни киселини и нежна опорост. Аромата потсетува на ситно зрнесто црвено овошје. Се служи на собна температура со свинско печено и дивеч. Се служи на температура 15-18°С.

Scroll to top