Selected

Оваа линија на вина е од повисока категорија, заради, лимитираните количини кои се произведуваат и заради специфичноста на самото вино. Ова е една од најбараните линии, која е препознатлива од страна на консументите на вино и љубителите на добро вино.
Виното е во полнење од 0.75 и 0.1875.
Во оваа линија се застапени едно бело вино Темјаника , едно розе вино Роза Канина и две црвени вина кои претставуваат комбинација од две и три сорти на грозје. Тоа се вината Кале и Сирах Кабернет.
Кале е француски стил на вино, прооизведено до три сорти Вранец, Каберне совињон и Мерло.
Сирах Кабернет е вино кое е комбинација од две сорти, Сира и Каберне совињон.

Showing all 4 results

  • Кале

    Квалитетно суво црвено вино, куве од сортите мерло, каберне совињон и вранец.Се одликува со интензивна црвена боја, прекрасна комплексна арома, добро избалансиран мирис на цвеќиња со нијанси на капина, малина и рибизла и перфектно избалансиран долготраен вкус. Се служи на температура 16 – 18ºC со јагнешко месо, печено свинско, телешко и димено месо.

  • Роса Канина

    Суво розе вино со кристална бистрина и нежни розови нијанси. Има дискретни мускатни ароми и мирис на јагода и роза. Виното е полно, избалансирано, хармонично и питко. Се консумира добро разладено на 10ºС како аперитив или со лесни кремасти десерти како тирамису.

  • Сире Каберне

    Квалитетно суво црвено вино, куве од сортите сира и каберне совињон. Овие две благородни сорти грозје одгледани на јужните падини на Водно даваат вино со единствен стил. Структурата на каберне и богатството на овошната и зачинската арома на сира, го прават ова вино исклучително богато, полно, питко, привлечно и вистинско искушение за усните. Се служи на температура 16 – 18°C со говедско, јагнешко и паткино месо.

  • Темјаника

    Бело суво вино, кое се одликува со зеленкаста боја. Поседува комплексни овошни ароми, како и ароми на бозел, босилек и темјан. На вкус е овошно, свежо и хармонично, со богат екстракт. Се служи на температура 8 – 10ºС, најдобро е да се комбинира со десерти и тоа со чоколадни торти со преливи од ситно зрнесто овошје. Може да се служи и како аперитив, лесно комбинирано со суво овошје и јаткесто овошје.

Scroll to top