Билјана Тодоровска
Драги пријатели, Добредојдовте на новата, редизајнирана веб-страница на винарницата „Сковин“. Место каде ќе можете да се запознаете со нашата палета на производи, винарската визба, но и да ни ги пренесете Вашите впечатоци за вината и другите производи на Сковин. Оваа веб-страница ќе биде постојано отворена за сите кои знаат да ја почувствуваат традицијата, да уживаат во препознатливиот вкус и мирис на квалитетното бело, розе и црвено вино. Заедно со Вас ќе го градиме брендот на Сковин. Дома, но и на сите континенти, ќе ја промовираме македонската култура, квалитет и традиција. Ќе останеме горди и препознатливи по неповторливиот момент на уживање вткаен во секоја голтка вино.
извршен директор на винарница Сковин