Ресторан и вински подрум

Од 2011 година во составот на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА почна да функционира и барик-подрумот, со што ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА ќе ја прошири својата па­лета и со вина одлежани во дабови буриња.

Барик-подрумот е опремен со буриња од разни производители од Франција, Хрватска, Италија и Македонија и со различен капацитет од 5000 литри до класичните 225 литри. Во моментов во нив зреат вина од сортите шардоне, мерло, каберне совињон и вранец, како и нашите врвни вина марков манастир и скупи куве.

Адреса: 15-Корпус бр. 3, Автокоманда, Скопје
Тел. 02/3145-717
contact@skovin.com.mk​

Scroll to top