Историјат

ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино, ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада, Сингапур и САД.

Винарија Сковин низ годините

Винарија Сковин е основана во далечната 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. Во 2001 винарија Сковин беше откупена од групата Фершпед АД, по што следеше период на интензивни инвестиции и опремување на винарија со најсовремена опрема и технологија, со што Сковин прерасна во современа винарија и се усоврши во преработката на грозјето.

Scroll to top